Online Bible

- Reklamy -

Евреите 8 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990


Светоста и службата на новозаветниот Првосвештеник е повисока од старозаветниот.

1 А ова што го зборуваме, го зборуваме, главно, дека имаме таков Првосвештеник, Кој седна од десната страна на престолот на величието на небесата,

2 и е служител на Светилиштето и на вистинската Скинија, која што ја воздигна Господ, а не човек.

3 Секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви; затоа беше потребно и Он да има што да принесе.

4 Оти, ако Он беше на земјата, не би бил ни свештеник, зашто има свештеници што принесуваат дарови по Законот

5 и им служат на образот и на сенката на небесните работи како што му беше речено на Мојсеја, кога сакаше да ја доврши Скинијата: »Гледај, рече, да направиш сѐ според образецот, што ти беше даден на планината«.

6 А сега Он доби во толку подобра служба, во колку е и посредник на подобар завет, кој е утврден врз подобри ветувања.

7 Оти, ако првиот завет беше без недостаток, тогаш немаше да се бара место за втор.

8 Но укорувајќи ги, вели: »Ете настапуваат деновите, вели Господ, и со домот Израилев и со домот Јудин ќе заклучам нов завет,

9 но завет не таков, каков што заклучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од земјата Египетска – зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги изоставив, вели Господ.

10 Но овој е заветот, што ќе му го дадам на домот Израилев по оние дни, вели Господ: ќе ги вложам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.

11 И ниеден нема да го учи својот ближен, и ниеден братот свој: познај Го Господа, зашто сите, од мал до голем меѓу нив, ќе Ме знаат,

12 бидејќи ќе бидам милостив кон нивните неправди, а за гревовите и беззаконијата нивни нема веќе да се сеќавам.«

13 А кога вели »нов«, првиот го направи ветов; а она, што е ветво и остарено, близу е до својот крај.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016

© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy