Online Bible

- Reklamy -

Броеви 28 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990


Повторно за законите по однос на жртвите: секогашната саботнина, во почетокот на месецот, пасхалната и запрвите плодови.

1 И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

2 »Заповедај им на синовите Израилеви и кажи им: даровите Мои, лебните приноси, жртвите Мои со благопријатен мирис да Ми се принесуваат на празниците Мои.

3 И кажи им: ете ја жртвата, која што треба да Му ја принесувате на Господа: две јагниња на ден, без недостаток, за сепаленица постојана за престап:

4 едното јагне принесувај го наутро, а другото јагне навечер;

5 и да принесете жртва, една десетина од ефа пченично брашно, помешано со четвртина ин чист елеј,

6 сепаленицата е постојана жртва на Господа, каква што беше извршена при планината Синај, за благопријатен мирис,

7 и кон неа да има за прелив четврт ин за едното јагне; на свето место извршувај го со вино преливот на Господа.

8 Другото јагне принесувај го навечер, со таков лебен принос како утрината, со жртва и прелив за него принесувај го за пријатна благоугодност на Господа.

9 А во саботен ден принесувајте по две јагниња без недостаток, и две десетти од ефа пченично брашно, поднесено со елеј, како и прелив;

10 и тоа е саботна сепаленица за секоја сабота, освен постојаната сепаленица и преливот за неа.

11 и при млад месец принесувајте Му на Господа сепаленици: од говедата две телиња, еден овен и седум јагниња без недостаток,

12 и три десетти од ефа пченично брашно поднесено со елеј, принос со телето, и две десетти од ефа пченично брашно, принесено со елеј, принос со овенот,

13 и по една десетта од ефа пченично брашно, поднесена со елеј, принос за секое јагне: тоа е сепаленица, благопријатна жртва на Господа;

14 а преливот за нив треба да биде половина ин вино за телето, една третина од ин за овенот и една четвртина ин за јагнето; тоа е сепаленица за секое новомесечје во текот на сите месеци на годината.

15 Принесувајте Му на Господа секогаш и по еден козел од козите ваши – жртви за грев; него треба да го принесувате заедно со преливот за него.

16 Во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот, е Пасха Господова.

17 А на петнаесеттиот ден од тој месец е празник; седум дена треба да се јадат бесквасни лебови.

18 Првиот ден да ви биде особено свет, никаква работа не вршете;

19 и принесете сепаленица, жртва на Господа: две телиња од говедата, еден овен и седум едногодишни јагниња; тие да се без недостаток;

20 а и принос кон нив пченично брашно, поднесено со елеј, тие десетини од ефа за секое теле, и две десетини од ефа за овенот,

21 и по една десетина ефа принесувајте за секое од седумте јагниња,

22 и еден козел од козите – жртва за грев, за да се помолат за вас;

23 принесувајте го тоа, освен утринската сепаленица, која е постојана жртва.

24 Така правете секој ден во седумте дена; тоа е дар, принос благопријатен за Господа; при редовната сепаленица и прелив за неа.

25 И седмиот ден треба да ви биде особено свет; никаква работа не вршете.

26 И денот на првите плодови, кога Му принесувате на Господа нова жртва во вашите седмици, треба да ви биде особено свет; никаква работа не вршете;

27 и принесете сепаленици за благопријатен мирис на Господа: од говедата две телиња, еден овен и седум едногодишни јагниња, без недостаток,

28 а заедно со нив и принос од пченично брашно, поднесено со елеј, три десетини од ефа за секое теле, две десетини од ефа за овен,

29 и по една десетина од ефа за секое од седумте јагниња;

30 и еден козел од козите – жртва поради грев, за да се помолат за вас.

31 Пронесувајте ми ги овие жртви со вино за прелив, освен постојаните сепаленици со приносите; тие треба да бидат без недостаток.«

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016

© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016 

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy