Броеви 26 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990Ново пребројување на племињата. Поделба на земјата. 1 По тој пораз Господ му рече на Мојсеја и на свештеникот Елеазар, син Аронов, велејќи: 2 »Преброј те го целото општество на синовите Израилеви од дваесет години нагоре, според домовите нивни, сите способни за војување во Израилот.« 3 И им рече Мојсеј и свештеникот Елеазар во Аравот моавски кај Јордан, спроти Јордан, спроти Јерихон, велејќи: 4 »Пребројте ги сите од дваесет години и нагоре, како што заповеда Господ, кои излегоа од Египетската земја: 5 Рувим, Израилев првороденец. Рувимовите синови: од Енох – Енохово поколение, од Фалу – Фалуовото поколение, 6 од Асрон – Асроновото поколение, од Харми – Хармиевото поколение; 7 тоа се Рувимовите родови: на број тие беа четириесет и три илјади и шестототини и триесет. 8 Фалуовите синови: Елиав, 9 и Елиавовите синови: Намуил, Датан и Авирон. Тоа се оние Датан и Авирон, познати кај народот, кои предизвикаа смут против Мојсеја и Арона заедно со соучесниците на Кореја, кога тие предизвикаа бунт против Господа; 10 па земјата ја отвори устата своја и ги голтна заедно со Кореја: заедно со нив умреа и соучесниците нивни, кога оган изгоре двесте и педесет човека, и тие станаа за пример; 11 но Кореевите синови не изумреа. 12 Симеоновите синови според поколенијата нивни: од Намуил – Намуиловото поколение, од Јамин – Јаминовото поколение, од Јахин – Јахиновото поколение, 13 од Зара – Заровото поколение, од Саул – Сауловото поколение; 14 тоа се Симеоновите родови при пребројувањето нивно: дваесет и две илјади и двесте. 15 Јудиновите синови: Ир и Авнан, и Силом, Фарес и Зара, но Ир и Авнан умреа во Хананската земја; 16 Јудините синови според поколенијата нивни беа: Силом – Силомовото поколение, од Фарес – Фаресовото поколение, од Зара – Заровото поколение. 17 Фаресови синови беа: од Асрон – Асроновото поколение, од Јамун Јамуновото поколение; 18 тоа се Јудините родови според пребројувањето нивно: седумдесет и шест илјади и петстотини. 19 Исахарови синови според поколенијата нивни: од Тола – Толовото поколение, од Фува – Фувиното поколение, 20 од Јасува – Јасувовото поколение, од Амврам – Амврамовото поколение; 21 тоа се Исахаровите родови, според пребројувањето нивно: шеесет и четири илјади и четиристотини. 22 Завулонови синови според поколенијата нивни: од Саред – Саредово поколение, од Алон – Алоновото поколение, од Алил – Алиловото поколение; 23 тоа се Завулоновите поколенија, според пребројувањето нивно: шеесет илјади и петстотини. 24 Гадови синови според поколенијата нивни: од Сафон – Сафоновото поколение, од Агин – Агиновото поколение, од Сунин – Суниновото поколение, 25 од Азен – Азеновото поколение, од Ад – Адовото поколение, 26 од Ароад – Ароадовото поколение, од Армал – Армаловото поколение; 27 тоа се поколенијата на Гадовите синови, според пребројувањето нивно: четириесет илјади и петстотини. 28 Асирови синови според поколението нивно: од Јамин – Јаминовото поколение, од Јесу – Јесуовото поколение, од Вариј – Вариевото поколение. 29 Од Вариевите синови, од Ховер – Ховеровото поколение, од Мелхиил – Мелхииловото поколение; 30 Името на Асировата ќерка беше Сара; 31 Тоа се поколенијата на Асировите синови според пребројувањето нивно: четириесет и три илјади и четиристотини. 32 Јосифови синови според поколенијата нивни: Манасија и Ефрем. 33 Манасиеви синови: од Махир – Махирово поколение, од Махир се роди Галаад, од Галаада – Галадово поколение. 34 Еве ги Галаадовите синови: од Ахиезер – Ахиезеровото поколение, од Хелек – Хелековото поколение, 35 од Есриила – Есрииловото поколение, од Сухем – Сухемовото поколение, 36 од Симаер – Симаеровото поколение, од Офер – Оферовото поколение. 37 Салпаад, син Оферов, немаше синови, туку само ќерки; имињата на Салпаадовите ќерки беа: Мала, Нуа, Егла, Мелха и Терса; 38 тоа се Манасиевите поколенија; а на број тие беа педесет и две илјади и седумстотини. 39 Еве ги Ефремовите синови според поколенијата нивни: од Судал – Судаловото поколение, од Танах – Танаховото поколение; 40 А еве ги Судаловите синови: од Еден – Еденовото поколение; 41 тоа се поколенијата на Ефремовите синови, според пребројувањето нивно: триесет и две илјади и петстотини. Тоа се Јосифовите синови според поколенијата нивни. 42 Венијаминовите синови според поколенијата нивни: Вал – Валовото поколение, од Асивир – Асивировото поколение, од Јахиран – Јахирановото поколение; 43 од Софан – Софановото поколение; 44 Валови синови беа: Адер и Ноеман: од Адер – Адеровото поколение, од Ноемана – Ноемановото поколение; 45 тоа се Венијаминовите синови според поколенијата нивни; а на број тие беа четириесет и пет илјади и шестотини. 46 Еве ги Дановите синови според поколенијата нивни: од Самеј – Самеовото поколение; 47 А сите Самеови поколенија според пребројувањето нивно беа: шеесет и четири илјади и четиристотини. 48 Нефталимови синови според поколенијата нивни: од Асил – Асиловото поколение, од Гаун – Гауновото поколение; 49 од Јесер – Јесеровото поколение, од Селим – Селимовото поколение; 50 тоа се Нефталимовите поколенија според пребројувањето нивно: а на број тие беа четириесет и пет илјади и четиристотини. 51 Тоа се влезените во пребројувањето синови Израилеви: шестотини и една илјада и седумстотини и триесет.« 52 И му рече Господ на Мојсеја, велејќи: 53 »Ним да им се подели земјата во наследство, според бројот на имињата; 54 на помногубројните дај им поголем дел, а на помалубројните дај им помал дел: секому треба да му се даде дел сразмерно со бројот на влезените во пребројувањето; 55 земјата треба да се подели со жреб, тие треба да добијат наследство според имињата на нивните родови; 56 со жреб да им се поделат нивните делови помеѓу нив – како на многубројните, така и на малубројните.« 57 Тие се Левиевите синови, што влегоа во пребројувањето според поколенијата свои: од Гирсон – Гирсоновото поколение, од Кат – Катовото поколение, од Мерари – Мерариевото поколение. 58 Ова се Левиевите родови: Ловеновото поколение, Хевроновото поколение, Мусиновото поколение и Кореевото поколение. Од Кат се роди Амрам. 59 Името на Амрамовата жена беше Јохавед, ќерка Левиева, која е родена од Левиевата жена во Египет, а таа му го роди на Амарма Арона, Мојсеја и Маријам, нивната сестра. 60 На Арона му се родија Надав и Авиуд, Елеазар и Итамар; 61 но Надав и Авиуд умреа, кога принесоа туѓ оган пред Господа во Синајската пустиња. 62 Сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа преброени дваесет и три илјади; тие не беа преброени заедно со синовите Израилеви, зашто не им беше даден дел меѓу синовите Израилеви. 63 Тоа се преброените од Мојсеја и свештеникот Елеазар, кои ги преброија синовите Израилеви во Аравот моавски кај Јордан, спроти Јерихон; 64 меѓу нив немаше ни еден од оние, кои Мојсеј и свештеникот Арон ги преброија, кога ги пребројуваа синовите Израилеви во Синајската пустиња; 65 зашто Господ им беше рекол: »Тие ќе изумрат во пустињата.« И никој од нив не остана, освен Јефониевиот син Халев и Навиновиот син Исус. |
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
Macedonian Bible Society