Online Bible

- Reklamy -


Послание на апостол Павле до Тит 3 - Нов превод на Новиот Завет 2023


Христијанското поведение

1 Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат послушни и спремни за секое добро дело,

2 никого да не хулат, да не се караат, туку да бидат љубезни, покажувајќи совршена кроткост кон сите луѓе.

3 Бидејќи и ние некогаш бевме нера­зумни, непокорни, заблудени, бевме ро­бови на похоти и на разни сладострастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни и се мразевме еден со друг.

4 Но кога се објави добрината и човекољубието на Бога, нашиот Спасител,

5 Тој нѐ спаси, но не пореди праведните дела што ги бевме извршиле, туку според Сво­јата милост, преку бањата на преродувањето и обновувањето од Светиот Дух,

6 Кого изобилно Го излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител,

7 та оправдани со Неговата благодат да станеме, според надевањето, наследници на веч­ниот живот.

8 Веродостојно е ова слово; и сакам да го потврдуваш тоа, та оние што по­ве­ру­ва­ле во Бога да се грижат и да предничат во добри дела. Тоа е полезно и добро за луѓето.

9 А избегнувај ги глупавите распрашувања, ро­до­словија, препирки и кавги за Законот, зашто тие се бесплодни и празни.

10 Човекот кој прави раздори предупреди го еднаш и двапати, а потоа оттргни се од него,

11 знаејќи дека таквиот се изо­па­чил, греши и се самоосудил.


Последни препораки

12 Кога ќе го пратам кај тебе Артем или Тихик, потруди се да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив таму да прези­мам.

13 Погрижи се да ги приготвиш за пат законикот Зина и Аполос, за да не им недостасува ништо.

14 Но и нашите нека се учат да предничат во добри дела каде што има неодложна потреба, за да не бидат бесплодни.

15 Те поздравуваат сите што се со ме­не. Поздрави ги оние кои нѐ љубат во верата. Благодатта нека биде со сите вас. Амин!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy