Online Bible

- Reklamy -

Римјаните 4 - Нов превод на Новиот Завет 2023


Примерот на Авраам

1 Тогаш што ќе речеме за нашиот татко Авраам, што открил според телото?

2 Зашто ако Авраам се оправдал со дела, тој заслужува пофалба, но не пред Бога.

3 Впрочем, што вели Писмото? – „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.“

4 На оној што работи, платата му се смета не како милостина, туку како должна отплата.

5 А на оној што не работи, а верува во Оној Кој го оправдува без­божникот, верата му се смета за праведност.

6 Така и Давид го нарекува блажен човекот кому Бог му ја вбројува пра­ведноста, независно од делата, велејќи:

7 „Блажени се оние чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени;

8 блажен е човекот кому Господ не му го смета гревот!“

9 А дали ова блаженство се однесува само за обрезаните или и за необрезани­те? Бидејќи велиме дека на Авраам ве­ра­та му се сметаше за праведност.

10 А кога му се сметаше? По обрезание­то или пред обрезанието? Не по обре­за­нието, туку пред обрезанието.

11 И знакот на обрезанието тој го доби како печат на праведноста што доаѓа од верата, која ја имаше пред обрезанието, за самиот да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним тоа да им се вброи во праведност,

12 и да им биде татко на обрезаните кои не се само обрезани, туку и врват по стапките на верата од нашиот татко Авраам, која тој ја имаше пред обрезанието.


Божјото ветување се остварува преку верата

13 Бидејќи ветувањето кон Авраам или кон неговото потомство, дека ќе биде наследник на светот, не беше дадено преку Законот, туку преку праведноста која доаѓа од верата.

14 Зашто ако само оние што го имаат Законот се наследници, то­гаш верата е безначајна и ветувањето е поништено;

15 зашто Законот раѓа гнев; а каде нема Закон, нема ни престап.

16 Затоа тоа е од верата, за да биде по благодат, та ветувањето да биде сигурно за целото потомство, не само на она што доаѓа од Законот, туку и на она што е од верата на Авраам, кој ни е татко на сите нас,

17 како што е напишано: „Те поставив да бидеш татко на многу народи“ – пред Бога, Кому тој Му поверува, Кој ги оживува мртвите и Кој она што не постои го повикува во постоење.

18 Авраам, без да има основа за на­деж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според ре­че­но­то: „Такво ќе биде твоето потомство.“

19 И не ослабнувајќи во верата, тој не ни помисли дека неговото тело е веќе умртвено, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата на Сара е веќе замрена;

20 и во Божјото ветување не се посомнева со неверие, туку се зацврсти во верата, оддавајќи Му слава на Бога,

21 наполно уверен дека Тој е силен да го изврши она што го ветил.

22 Затоа тоа му се засмета за праведност.

23 Но, не само за него е напишано де­ка му е вброено,

24 туку и за нас: ќе ни се вброи, ако веруваме во Оној што Го воскресна од мртвите Исус, нашиот Господ,

25 Кој беше предаден за нашите прегрешенија и беше вос­креснат за наше оправдание.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy