Online Bible

- Reklamy -

Римјаните 3 - Нов превод на Новиот Завет 2023

1 Каква предност имаат Јудејците, или каква е ползата од обрезанието?

2 Голема, на секој начин. Најнапред, зашто навистина ним им беа доверени Божјите слова.

3 Па што, ако некои не поверувале? Дали нивната неверност ќе ја уништи Божјата верност?

4 Никако! Нека се признае дека Бог е вистинит, а секој човек лажлив, како што е напишано: „За да се покажеш праведен во Своите зборови, и да по­бедиш кога ќе си на суд.“

5 Ако, пак, нашата неправедност ја истакнува Божјата справедливост, тогаш што да речеме? Да не е Бог несправедлив, кога се гневи? Говорам како човек.

6 Никако! Инаку, како тогаш Бог ќе му суди на светот?

7 Зашто, ако преку мојата лага Божјата вистина се покаже уште повозвишена, за Негова слава, тогаш зошто и јас сѐ уште сум суден како грешник?

8 И не би требало ли – како што некои луѓе хулат на нас и велат дека така учиме – да пра­ви­ме зло, за да излезе добро? Впрочем така и хулат некои луѓе на нас и велат дека така учиме. Тие се справедливо осудени.


Никој не е праведен

9 И што тогаш, во предност ли сме? Ни најмалку, зашто веќе ги обвинивме, како Јудејците така и Елините, дека сите тие се под грев,

10 како што е напишано: „Нема праведен ниту еден,

11 нема разумен, нема кој да Го бара Бога;

12 сите се отклонија, заедно станаа бескорисни; нема кој да прави добро, нема ниту еден.“

13 „Нивното грло е отворен гроб; со своите ја­зици мамат; под нивните усни – змиски отров,

14 устата им е полна со клетва и горчина.

15 Нозете им се брзи за крвопролевање;

16 пустош и мака по нивните па­тишта;

17 тие не го познаа патот на мирот.

18 Страв Божји нема пред нив­ните очи.“

19 А знаеме дека сѐ што Законот вели, го вели за оние што се под Законот, за да се затвори секоја ус­та и целиот свет да одговара пред Бога,

20 зашто преку делата на Законот пред Него нема да се оправда никој; бидејќи преку Законот се осознава гре­вот.


Праведноста се добива преку вера

21 А сега независно од Законот се јави Божјата праведност, посведочена од За­конот и од Пророците.

22 Божјата праведност преку верата во Исус Христос е во сите и врз сите што веруваат. Бидејќи нема разлика,

23 зашто сите згрешија и лишени се од Божјата слава.

24 Но оправдувањето им е дарувано, со Неговата благодат, преку откупот во Христос Исус,

25 Кого Бог Го постави со Својата крв да биде жртва за помирување преку ве­рата, за да ја покаже Својата праведност преку простување на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение,

26 та да ја покаже Својата праведност во сегашново време, за Самиот да биде праведен и да го оправда оној што верува во Исус.

27 Тогаш, каде е пофалбата? Таа е ис­клучена. Според кој закон? Оној на делата ли? Не, туку според законот на верата.

28 Така, ние сметаме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот.

29 Или Бог е само на Ју­дејците, а не и на незнабошците? Да, и на незнабошците е.

30 Бидејќи еден е Бог, Кој ќе го оправда обрезанието од вера и необрезанието преку верата.

31 Значи, дали го укинуваме Законот преку верата? Никако! Напротив, ние го утврдуваме Законот.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy