Online Bible

- Reklamy -

Марко 5 - Нов превод на Новиот Завет 2023


Исус исцелува од нечист дух
( Мт 8,28-34 ; Лк 8,26-39 )

1 Преминаа на другата страна на морето, во Гадаринската земја.

2 И кога Тој излезе од коработ, вед­наш од гробовите Го пресретна еден човек со нечист дух,

3 кој престојуваше во гробовите, и дури и со синџири никој не можеше да го врзе;

4 зашто многупати беше ставан во окови и во синџири, ама ги кршеше оковите и ги раскинуваше синџирите, и никој не можеше да го скроти.

5 Постојано, ноќе и дење, тој беше во гро­бовите и по ридиштата, викаше и се уди­ра­ше со камења.

6 Штом Го виде Исус оддалеку, при­трча и падна ничкум пред Него.

7 Па извикувајќи со силен глас, рече: „Што имаш, Ти, со мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те заколнувам во Бога, не мачи ме!“

8 Зашто Исус му беше рекол: „Духу нечист, излези од човекот!“

9 И го праша: „Како ти е името?“ А тој одговори и рече: „Легија ми е името, зашто сме многумина.“

10 И многу Го молеа да не ги брка од таа земја.

11 А таму, по ридот, пасеше големо стадо свињи.

12 И сите демони Го молеа и велеа: „Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.“

13 И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурна стадото низ стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.

14 А оние што ги пасеа свињите, по­бегнаа и известија во градот и по селата. И излегоа луѓето да видат што станало.

15 И дојдоа кај Исус и го видоа опседнатиот од демони во кого имаше легија, како се­ди облечен и со здрав ум; и се упла­шија.

16 А оние, кои беа виделе, раскажуваа што стана со демоноопседнатиот и со свињите.

17 И почнаа да Го молат да си оди од нивните краишта.

18 А кога се качи во коработ, оној, што претходно беше опседнат од демони, Го по­моли да биде со Него.

19 Исус не му дозволи, туку му рече: „Оди си дома кај своите, па раскажи им што стори Господ за тебе и како те по­милува.“

20 Тој отиде и почна да раскажува по Десетградието за она што Исус му го направи. И сите се чудеа.


Излекувањето на болна жена и оживувањето на Јаировата ќерка
( Мт 9,18-26 ; Лк 8,40-56 )

21 А кога Исус повторно премина со коработ на другата страна, кај Него се собра многу народ. И беше покрај морето.

22 И ете, дојде еден од старешините на синагогата, по име Јаир; па, штом Го виде, падна пред Неговите нозе

23 и усрдно Го молеше гово­реј­ќи: „Ќерка ми е на умирање; дојди и по­ложи ги рацете на неа, за да оздрави и да живее!“

24 И Исус појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа.

25 Една жена, што боледуваше од крво­течение дванаесет години,

26 и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и без никаква полза, а ѝ станало дури уште полошо,

27 штом чу за Исус, дојде меѓу народот одзади и се допре до Него­вата облека;

28 зашто си велеше: „Само ако се доп­рам до Неговата облека, ќе оздравам.“

29 И веднаш престана крвотечението и таа почувстува во своето тело дека е излеку­ва­на од болеста.

30 А Исус веднаш почувствува во Се­бе дека од Него излезе сила, па се сврте кон народот и рече: „Кој се допре до мојата облека?“

31 Неговите ученици Му рекоа: „Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: ’Кој се допре до Мене?‘“

32 Но Тој гледаше наоколу, за да ја ви­ди онаа што го направи тоа.

33 А жената, уплашена и растре­пе­ре­на, знаејќи што стана со неа, пријде, падна ничкум пред Него и Му ја кажа целата вистина.

34 А Тој ѝ рече: „Ќерко, твојата вера те спаси; оди си во мир и биди здрава од својата болест!“

35 Додека Тој уште зборуваше, дојдоа од кај старешината на синагогата и ре­коа: „Ќерка ти умре; зошто уште Му додеваш на Учителот?“

36 Но Исус, само што ги чу зборовите што ги кажаа, му рече на старешината на синагогата: „Не плаши се, само верувај!“

37 И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петар, на Јаков и на Јован, братот на Јаков.

38 Дојде во куќата на старешината на синагогата и виде метеж, пла­чење и силно лелекање.

39 И кога влезе, им рече: „Што сте се развикале и расплакале? Детето не е умрено, туку спие!“

40 А тие Му се потсмеваа. Тој, пак, от­како ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на детето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше девој­че­то.

41 И го фати детето за рака, па му рече: „Талита, куми!“ – што значи: „Де­војче, тебе ти велам, стани!“

42 И девојчето веднаш стана и почна да оди. А имаше дванаесет години. И сите многу се вчудовидоа.

43 А Тој строго им заповеда никој да не разбере за тоа, и рече да ѝ дадат да ја­де!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy