Online Bible

- Reklamy -

Јаков 3 - Нов превод на Новиот Завет 2023


Внимавај на јазикот

1 Браќа мои, не станувајте мнозина учители, зашто знаете дека ќе добиеме поголемо осудување.

2 Сите ние многу грешиме. А ако некој во зборови не греши, тој е совршен маж, способен да го заузда и целото тело.

3 Ете, кога на коњите им ставиме узда на устите, за да ни се покоруваат, тогаш управуваме со целото нивно тело.

4 Па, ете, и корабите, иако се навистина големи и силно гонети од бурни ветрови, со мало кормило се управуваат онаму каде што кормиларот сака.

5 Па така, и јазикот е мал орган, но се фали со големи работи. Ете, мал оган, а колку голема шума запалува;

6 и јазикот – светот на неправдата – е оган; јазикот е така поставен меѓу нашите органи, што го осквернува целото тело и го разгорува течението на животот, а тој самиот, пак, е запален од пеколот.

7 Секаков вид ѕверови и птици, влекачи и морски животни, се скротува и се припитомува од човечкиот род,

8 но јазикот, тоа зло што не мирува, полно со смрто­носен отров, никој од луѓето не може да го скроти.

9 Со него Го благословуваме Бога и Отецот и со него ги колнеме луѓето создадени според Божјото подобие.

10 Од истата уста излегува и благослов и клетва. Не треба, браќа мои, тоа така да биде.

11 Испушта ли изворот од истиот отвор слатка и горчлива вода?

12 Може ли, браќа мои, смоквата да раѓа маслинки, или лозата смокви? Та­ка, од ниеден извор не извира и солена и слатка вода.


Мудроста озгора и земната мудрост

13 Кој е меѓу вас мудар и разумен? Преку доброто однесување нека ги покаже своите дела во кротоста на мудроста.

14 Но, ако во своите срца имате гор­члива завист и себичност, не фалете се и не лажете против вистината:

15 тоа не е мудрост која слегува одозгора, туку земна, душевна, демонска;

16 бидејќи, каде што има завист и себичност, таму има безредие и сѐ е лошо.

17 А мудроста што е озгора, најнапред е чиста, а потоа мирна, кротка, спремна да послуша, полна со милост и добри пло­дови, непристрасна и нелицемерна.

18 Плодот, пак, на правдата во мир се сее од миротворците.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy