Online Bible

- Reklamy -

Евреите 9 - Нов превод на Новиот Завет 2023


Старото богослужение

1 Секако дека и во првиот завет имаше уредби за богослужение и земно свети­лиште;

2 зашто скинијата беше направена вака: во првиот дел се наоѓаа светилникот, трпезата и приложените лебови; тој дел е наречен „Светиња.“

3 А зад втората завеса од скинијата беше делот, наречен „Светиња на све­тињите“;

4 во неа се наоѓаа златната кадилница и ковчегот на заветот, од сите страни опкован со злато, во кој стоеја злат­ни­от сад кој содржел мана и расцутениот жезол на Арон, како и плочите на заветот,

5 а над него, пак, херувими на славата, кои го осенуваа местото за очистување; за ова сега нема потреба да се зборува во подробности.

6 При ваков распоред, во првиот дел од скинијата секогаш влегуваа свеш­те­ниците за да го извршуваат богослужението;

7 а во вториот дел влегуваше само првосвештеникот, еднаш годишно, и тоа не без крв, што ја принесуваше како жртва за себе и за гревовите на народот, направени во незнаење.

8 Со ова Светиот Дух ни покажува дека сѐ уште не е отворен патот за све­тилиштето сѐ додека стои првата ски­нија,

9 која е симбол на сегашното време, во кое се принесуваат дарови и жртви кои не можат да го направат совршен по совеста оној што богослужи,

10 бидејќи се состојат само од јадења, пиења и разни миења – телесни прописи, востановени до времето кога сето ова ќе се исправи.


Христовото жртвопринесување

11 Но кога Христос дојде како Прво­свеш­теник на идните добра, Тој влезе низ поголема и посовршена скинија, нера­кот­во­ре­на, односно не онаква каква што се пра­ви на земјата,

12 и не со јарешка и телешка крв, туку со Својата крв влезе во светилиштето ед­наш засекогаш и изврши вечен откуп.

13 Зашто, ако крвта од јунци и јарци, и пепелта од јуница преку попрскување ги осветуваат осквернетите за очистување на телото,

14 тогаш, колку ли повеќе крвта на Христос, Кој преку Светиот Дух се принесе Себеси непорочен на Бога, ќе ја очисти вашата совест од мртви дела за да Му служиме на живиот Бог!


Завет запечатен со крв

15 Затоа Тој е посредник на нов за­вет, та по Неговата смрт, која стана за откуп на престапите од времето на пр­виот завет, повиканите да го добијат ве­теното вечно наследство.

16 Зашто, каде што има завет, таму е неопходно да следува смртта на заветувачот,

17 бидејќи заветот стапува на сила само по смртта; тој нема никаква сила додека заветувачот е жив.

18 Затоа ни првиот завет не беше утврден без крв.

19 Зашто, откако Мојсеј ги изговори сите заповеди од Законот пред сиот на­род, зеде телешка и јарешка крв со во­да, со црвена волна и со исоп, па ги по­ро­си и самата книга и сиот народ,

20 велејќи: „Ова е крвта на заветот што ви го одреди Бог.“

21 Исто така со крв ги попрска и скинијата и сите богослужбени садови.

22 И речиси сѐ според Законот се очистува со крв, и без пролевање крв нема простување.

23 И така, беше неопходно сликите на небесните нешта да се очистат на таков начин, а самите небесни нешта со подобри жртви од овие.


Христовата жртва го отстранува гревот

24 Зашто Христос не влезе во ракот­во­рено светилиште, кое е само образец на вистинското, туку во самото небо, за да се јави сега пред лицето на Бога за нас;

25 и не за да се принесува Себеси многупати, како што првосвештени­кот влегува во светилиштето секоја го­ди­на со туѓа крв.

26 Инаку Тој би требало многупати да пострада од создавањето на светот. А се­га еднаш засекогаш, до крајот на веко­вите, се јави за да го отстрани гревот, от­како се принесе Сам Себе како жртва.

27 И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – суд,

28 така и Христос, откако еднаш се принесе, за да ги понесе гревовите на мнозина, вторпат ќе се јави не веќе како жртва за грев на оние што Го очекуваат, туку за нивно спасение.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy