Online Bible

- Reklamy -

Евреите 6 - Нов превод на Новиот Завет 2023

1 Затоа, да го оставиме почетното учење за Христос и да се стремиме кон совршенство, да не ја поставуваме одново основата: покајанието од мртви дела и верата во Бога,

2 учењето за крштевањето, ракопола­га­њето, воскресението на мртвите и вечниот суд.

3 И тоа ќе го направиме, ако допушти Бог.

4 Зашто неможно е – оние кои еднаш се просветија, вкусија од небесниот дар, станаа соучесници на Светиот Дух

5 и, откако вкусија од убавиот Божји збор и од силите на идниот век,

6 потоа отпаднаа – да бидат повторно обновени за покајание, зашто повторно во себеси Го распнуваат и Го посрамуваат Синот Божји.

7 Зашто земјата која го впива дождот што често паѓа на неа и раѓа плод добар за оние што ја обработуваат, од Бога добива благослов;

8 а онаа што дава трње и боцки, таа е непотребна и близу е до проклетството, нејзиниот крај е да изгори.

9 Но од вас, возљубени, ние очекуваме нешто подобро и спасително, иако вака ви зборуваме.

10 Зашто Бог не е несправедлив, та да го заборави вашето дело и трудот на љу­бовта што ги покажавте во Негово име, преку вашето некогашно и сегашно служење на светиите.

11 А ние сакаме секој од вас до крај да ја пока­жува истата усрдност за потполна увереност во надежта,

12 та да не станете мрзливи, туку да ги подражавате оние кои преку вера и трпение ги наследуваат ветувањата.


Божјото сигурно ветување

13 Кога Бог му даде ветување на Авраам, бидејќи немаше никој поголем во кого би се заколнал, се заколна во Себе,

14 велејќи: „Навистина ќе те благословам и преблагославам, ќе те умножам и преумножам.“

15 И така, со долготрпение тој го доби ветеното.

16 Луѓето, пак, се колнат во поголемо од нив, и заклетвата, како потврда, ѝ става крај на секоја нивна препирка.

17 Затоа и Бог, сакајќи на наследниците на ветувањето јасно да им ја по­ка­же неизменливоста на Својата одлука, посведо­чи со заклетва,

18 та преку две неизменливи работи, во кои не е можно Бог да излаже, да имаме крепка утеха и ние, кои прибегнуваме да ја дофатиме надежта која е пред нас,

19 а која за нашата душа е цврста и си­гурна котва, и која влегува дури зад заве­сата,

20 каде што како претходник за нас влезе Исус, станувајќи довека Првосвеш­те­ник по чинот Мелхиседеков.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy