Online Bible

- Reklamy -

Ефесјаните 3 - Нов превод на Новиот Завет 2023


Дејноста на Павле меѓу нејудејците

1 Затоа јас, Павле, сум затвореник на Христос Исус заради вас, незнабошците.

2 Бидејќи чувте за распределбата на Божјата благодат, која ми е дадена заради вас,

3 односно дека преку откровение ми е соопштена тајната, како што претходно накратко ви напишав.

4 Читајќи го тоа, можете да разберете како сум ја сфатил тајната на Христос,

5 која, на луѓето од претходните поколенија не им беше објавена, како што сега им се откри на Неговите свети апостоли и пророци преку Духот,

6 односно дека незнабошците се сонас­ледници, делови на едно тело, и соучес­ници на Неговото ветување во Христос преку благовестието,

7 на кое му станав служител според дарот на Божјата благодат, која ми е дадена по дејство на Неговата сила.

8 Мене, најмалиот од сите светии, ми се даде благодатта да им го благовестам на незнабошците неистражливото Христово богатство,

9 и на сите да им расветлам во што се состои распределбата на тајната, криена од вечноста во Бога, Кој создаде сѐ преку Исус Христос,

10 та разнообразната Божја мудрост сега, преку Црквата, да им се објави на небесните на­чалства и власти,

11 според предвечната замисла, која Тој ја изврши во Христос Исус, нашиот Гос­под,

12 во Кого имаме слобода и пристап, уверени преку верата во Него.

13 Поради тоа, ве замолувам, да не паѓате со духот пред моите маки што ги поднесувам заради вас, зашто тие се за ваша слава.


Христовата љубов

14 Затоа ги преклонувам своите колена пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос,

15 од Кого се именува секој род на небесата и на земјата,

16 да ви даде, според богатството на Својата слава, сила за да се утврдите пре­ку Неговиот Дух во внатрешниот чо­век,

17 и преку верата Христос да се всели во вашите срца,

18 та вкоренети и утврдени во љубовта да можете да разбирате, заедно со сите светии, што е ширина и должина, што е дла­бо­чина и височина,

19 и да ја осознаете Христовата љубов, која го надминува секое знаење, за да се исполните со сета Божја полнота.

20 А на Оној што според силата што дејствува во нас, може да изврши неспоредливо повеќе од сѐ што ќе побараме или помислиме,

21 Нему нека Му е слава во Црквата и во Христос Исус во сите поколенија и за вечни векови. Амин!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy