Aanlyn Bybel

- Advertensies -

Проповедник 1 - Библија: Стариот и Новиот Завет Константинов

1 Зборови на Проповедникот, Да-видовиот син, царот во Ерусалим. ПРОЛОГ: СУЕТА НАД СУЕТИ

2 “Суета над суетите, вели Проповедникот, суета над суетите, сѐ е суета!“

3 Каква му е ползата на човекот од сиот негов труд, со кој се труди под сонцето?

4 Едно поколение заминува, друго доаѓа, а земјата останува секогаш.

5 Сонцето изгрева, сонцето заоѓа и тогаш брза кон своето место откаде изгрева.

6 Ветерот дува кон југ, и се свртува кон север, виори сега наваму сега натаму, и се враќа во нов виор.

7 Сите реки течат во морето, и морето не се преполнува; од каде што течат реките, таму се враќаат за да го почнат повторно својот тек.

8 Сѐ е мачно. Никој не може да рече дека очите се нагледаа до насита и дека ушите се наслушале достатно.

9 Што било, пак ќе биде, и што се правело, пак ќе се прави, и нема ништо ново под сонцето.

10 Има ли нешто за што би можело да се рече: „Ете, ова е ново!“ Сѐ суштествуваше дамно пред нас.

11 Само, од минатото не остана ни спомен, како што ни во иднината не ќе има сеќавање за она што ќе дојде после. МУДРОСТ И ЗАДОВОЛСТВА Суета на човечка мудрост

12 Јас, Проповедникот, бев цар над Израел во Ерусалим.

13 И го насочив срцето за да истражам и да доловам со мудроста сѐ што се збиднува под небото; о, колку тешка задача им зададе Бог на човечките синови, за да се трудат со неа.

14 Видов сѐ што се прави под сонцето: каква ли суета и тежина на духот!

15 Што е криво не може да се исправи; тоа што го нема, не може да се изброи.

16 Јас зборував со своето срце и реков: „Ете, придобив поголема мудрост од кој и да е од моите предходници во Ерусалим. Моето срце научи голема мудрост и знаење.“

17 Внимателно ја проучив мудроста а така и глупоста и лудоста, но сознав дека тоа е гониветер.

18 Многу мудрост - многу јад; што повеќе знаење, тоа повеќе болки.

The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov

Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®

Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

City Bible Foundation
Volg ons:



Advertensies