Марко 1 - Свето Евангелие 2008ГЛАВА 1 (Зачало 1) 1 Пbочеток од Евангелието на Исуса Христа, Синот Божји, 2 како што е напишано кај пророците: „Ете, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, којшто ќе го подготви Твојот пат пред Тебе“. 3 „Гласот на оној што вика во пустината: – Подгответе го патот Господов, и исправете ги патеките Негови“. 4 Се јави Јован, крштевајќи во пустината, и проповедаше покајно крштение, за прошка на гревовите. 5 И излегуваа при него од сиот Јудејски крај и од Ерусалим, и сите се крштеваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови. 6 А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед. 7 И проповедаше, велејќи: – По мене доаѓа посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењето од обувките Негови; 8 јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Духот Свети. Крај на неделата и на третиот час. (Зачало 2) 9 И во оние дни, дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јована во Јордан. 10 И кога излегуваше од водата, наеднаш виде како се отворија небесата, и Духот, во вид на гулаб, слегуваше над Него. 11 И се чу глас од небесата: – Ти си Мојот возљубен Син, Кој е според Мојата волја. Крај на Богојавление, на утрената 12 Веднаш потоа, Духот Го изведе во пустината. 13 И беше таму, во пустината, четириесет дни, искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеа. 14 А потоа, кога Јован беше предаден, дојде Исус во Галилеја и го проповедаше Евангелието на царството Божјо, 15 и велеше: – Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието. Крај на понеделникот и на шестиот час (Зачало 3) 16 И одејќи покрај Галилејското Море, го виде Симона и брата му Андреја, како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари. 17 Исус им рече: – Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе! 18 И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. 19 Па штом одмина малку, го виде Јакова Заведеев и брата му Јована, исто така во кораб, како ги крпат мрежите свои; 20 и веднаш ги повика. И тие, оставајќи го татка си Заведеја во коработ со наемниците, тргнаа по Него. 21 И дојдоа во Капернаум; и веднаш во саботата, влезе Он во синагогата и поучуваше. 22 И се чудеа на Неговата поука, оти Он ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците. Крај на вторникот (Зачало 4) 23 И маше во синагогата нивна човек со нечист дух, и извика, говорејќи: 24 – О, што имаш Ти со нас, Исусе Назарејче! Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си Ти, Светец Божји! 25 Но Исус му забрани, велејќи: – Молкни и излези од него! 26 Тогаш нечистиот дух го стресе, па извика со висок глас и излезе од него. 27 И сите се стресоа од ужас, така што, еден со друг се прашуваа и велеа: – Што е ова? И какво е ова ново учење, та со власт и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат. 28 И наеднаш се разнесе глас за Него по целиот крај галилејски. Крај на средата (Зачало 5) 29 Па откако излегоа од синагогата, дојдоа со Јакова и Јована во куќата на Симона и Андреја. 30 А тешта му на Симона лежеше од треска; и веднаш Му јавија за неа. 31 И кога пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската веднаш ја остави; и таа стана и им служеше. 32 А приквечер, кога заоѓаше сонцето, носеа при Него секакви болни и бесни. 33 И целиот град беше се собрал пред портата. 34 И излекува мнозина што страдаа од разни болести; истера многу бесови, и не дозволуваше бесовите да говорат, дека знаат оти Он е Христос. (Зачало 6) 35 Аутрината, во темни зори, стана, излезе и отиде во пусто место, и таму се молеше. Крај на четвртокот 36 А Симон, и оние што беа со Него, поитаа по Него; 37 па кога Го најдоа, Му рекоа: – Сите Те бараат. 38 Он им рече: – Да појдеме до блиските села и градови, и таму да проповедам, бидејќи затоа сум излегол. 39 И проповедаше во нивните синагоги, по цела Галилеја и изгонуваше бесови. 40 И дојде при Него еден лепрозен, па, молејќи Го, падна пред Него на колена и Му рече: – Ако сакаш, можеш да ме очистиш. 41 А Исус, кога се смили, протегна рака, се допре до него и му рече: – Сакам, очисти се! 42 И штом го рече тоа, се изгуби лепрата од него, и тој стана чист; 43 па откако му заповеда, веднаш го испрати. 44 И му рече: – Гледај, никому ништо не кажувај; но оди, покажи му се на свештеникот и принеси дар за твоето очистување, како што заповедал Мојсеј, ним за сведоштво. Крај на саботата 45 А тој, штом излезе, почна да раскажува многу и да разгласува, така што Исус не можеше јавно да влезе во градот, а се наоѓаше надвор во осамени места. И приоѓаа кај Него отсекаде. |