Aanlyn Bybel

- Advertensies -

Исаија 1 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)

1 Видение на Исаија, синот на Амоц, кое го виде за Јудеја и Ерусалим, во деновите на јудејските цареви Озија, Јо­там, Ахаз и Езекија.


Одметнат народ

2 Чујте небеса и слушај земјо, зашто Господ вели: „Јас воспитав и подигнав синови, а тие се побунија против Мене.

3 Волот го познава стопанот свој, и магарето – јаслите на господарот свој, а Израил не Ме познава, Мојот народ не разбира.“

4 Ах, народе грешен, народ претрупан со беззаконија, племе на злодејци и си­нови погубни! Го оставивте Господа, Го презревте Светецот Израилев, – грб Му свртевте.

5 Каде уште да ве бијат вас, кои сѐ уш­те се противставувате? Целата глава ви е во рани, и целото срце ви е изнемош­тено.

6 Од главата до петите нема во тој на­род здраво место, модрици, гнојни рани, нечистени, непреврзани и неомекнати со масло.


Опустошена земја

7 Земјата ви е опустошена, градовите ви се изгорени со оган; нивите ваши пред ваши очи туѓинци ги јадат; и пус­тош е, како што запустуваат туѓинци.

8 Остана ќерката Сионова како колиба во лозје, како сеница во градина, ка­ко опсаден град.

9 Да не беше ни оставил Господ Са­ва­от мал остаток, ќе бевме како Содом, ќе заприлегавме на Гомора.


Не жртви, туку правда

10 Чујте го словото Господово, кнезо­ви содомски, вслушајте се во законот на нашиот Бог, народе гоморски!

11 „Зошто ми се многуте ваши жртви? – вели Господ. Презаситен сум од сепаленици на овни и од маснотија на згоен добиток; крв од телињата, од јагниња и јариња не сакам.

12 Кога доаѓате да се јавите пред лицето Мое, кој го бара тоа од вашата рака, кога ќе згазнете на Моите дворови?

13 Не принесувајте веќе празни жрт­ви; кадењето е одвратно за Мене; ново­месечија, саботи и празнични собранија со беззаконија – не можам да трпам!

14 Душата Моја ги мрази вашите но­вомесечија и вашите празници: тие се товар за Мене, тешко Ми е да ги носам.

15 И кога протегате раце, Јас ги кријам од вас очите Свои, а кога ги ум­но­жувате молбите свои, Јас не слушам: ра­цете ваши се полни со крв.

16 Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло;

17 научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувај­те сирак, застапувајте се за вдовица.“


Повик од Господ

18 Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и алово црвени – како снег ќе ги побелам; да би­дат црвени и како пурпур – како волна ќе станат бели.

19 Ако Го барате и послушате, ќе ги јадете добрата земни;

20 ако, пак, не сакате и се противста­вувате, меч ќе ве истреби! Тоа го рече устата Господова.


Осуда на Ерусалим

21 Како справедливиот верен град Сион стана блудница? Во него царува­ше правда, а сега престојуваат убијци.

22 Среброто ти стана како згура, виното ти е со вода помешано;

23 твоите кнезови се престапници на законот и соучесници на крадци; сите тие сакаат подароци и лакомат за на­града; не заштитуваат сирак, и поплака на вдовица не стигнува до нив.

24 Затоа вели Господ, Господ Саваот, Јунакот Израилев: „О, ќе ја истурам ја­роста на противниците Свои и ќе им се одмаздам на непријателите Свои!

25 И ќе ја свртам против тебе раката Своја и како со пепелница ќе ја ис­чис­там од тебе згурата и ќе го одделам од тебе сето олово.

26 И пак ќе поставам судии, како по­рано, и советници како отпрвин; тогаш ќе говорат за тебе: град на правда, вер­на престолнина!


Господ ќе го избави Ерусалим

27 Сион ќе се спаси преку праведен суд, и обратените негови – преку правда.

28 За сите отстапници и грешници – по­гибел, а оние, што Го оставиле Гос­пода, ќе бидат истребени.

29 Вие ќе бидете посрамени заради да­бовите што ги обожавате, ќе црвенеете од срам заради градините што сте си ги избрале;

30 зашто вие ќе бидете како даб, чиј лист свенал и како градина, во која нема вода.

31 И силниот ќе биде отпадок, а делото негово – искра; ќе горат заедно, – и никој нема да ги угасне.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Volg ons:



Advertensies