Aanlyn Bybel

- Advertensies -

Авдиј 1 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Горделивоста и казната на Едом

1 Вака му вели Господ Бог на Едом: „Чувме глас од Господ, гласник е испратен меѓу народите: ‚Станете, да војуваме против него!‘“

2 Еве, те направив најмал меѓу народите, многу си презрен.

3 Гордоста на твоето срце те измами, тебе, кој живееш во камени пештери, во својот висок дом, и му велиш на своето срце: „Кој е тој што ќе ме собори на земја?“

4 И да се кренеш високо како орел, да направиш гнездо меѓу ѕвездите, и оттаму ќе те симнам, говори Господ.

5 Крадци кога би дошле кај тебе, или ноќни разбојници, зар не би украле онолку колку што сакаат? Берачи на грозје ако би те нападнале, зар би оставиле нешто за доберување?

6 Како беше пребран Исав, и како му ги пребараа сите негови сокриени ра­бо­ти!

7 До граница те избркаа, сите твои со­јузници те измамија и оние што јадат со тебе, стапица ти поставија – тоа не мо­же да се разбере!

8 Во оној ден, вели Господ, ќе ги по­гу­бам мудрите во земјата едомска и ра­зумните во гората Исавова.

9 И јунаците твои ќе се уплашат, Те­мане, за да се истребат сите од гората Исавова.


Суровоста на Едом

10 Поради насилството и заради убис­твото, што му го направи на братот твој Јаков, со срам ќе бидеш покриен и ќе бидеш отфрлен засекогаш.

11 Во оној ден кога ти си стоеше настрана; во оној ден кога туѓинци му го изнесуваа богатството и кога туѓинци влегуваа низ вратата негова и фрлаа ждрепка за Ерусалим, беше и ти како еден од нив.

12 Не радувај се на несреќниот ден на твојот брат ниту на пропаста на си­но­ви­те Јудини, а уште помалку да ја отвораш устата своја во денот на нивните страдања.

13 Не провалувај низ вратата на Мојот народ во денот на неговата неволја, не насладувај се на нивното зло во денот на нивната погибел, и не земај од имотот нивни во денот на нивната пропаст.

14 И не стој на нивните крстопати, за да ги убиваш оние што бегаат, ниту да ги предаваш оние, што преживеале во денот на нивната неволја.


Господ ќе им суди на сите народи

15 Зашто денот Господов за сите народи е близу: како си правел, така ќе ти се прави; отплатата ќе падне на твојата глава.

16 Зашто, како што пиевте на Мојата света гора вие, така ќе пијат сите народи, ќе пијат без здив и докрај, и ќе бидат како никогаш да не биле.


Победата на Израил

17 Но на гората Сион ќе бидат спасени и ќе биде света, и домот на Јаков ќе го добие своето наследство.

18 Домот на Јаков ќе биде оган, а до­мот на Јосиф пламен, додека домот на Исав стрниште; ќе ги запалат и ќе ги изгорат; и нема никој од домот Исавов да остане жив, зашто Господ така вели.

19 Жителите на Негев ќе ја наследат гората Исавова, а рамнината филистеј­ска – жителите од Шефела; ќе го наследат и полето Ефремово и полето самарјанско, а Венијаминовото колено ќе го наследи Галаад.

20 Прогонетата, пак, војска на си­но­ви­те Израилеви ќе го наследи Ханан до Сарепта, а прогонетите од Ерусалим кои се во Сефарад, ќе ги наследат гра­довите во Негев.

21 И победниците ќе се качат на гората Сион за да ѝ судат на гората Исавова, и тогаш ќе настапи царството Госпо­до­во.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Volg ons:



Advertensies