Aanlyn Bybel

- Advertensies -

Судии 1 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Израел се вселува во Ханан

1 По смртта на Исус, синовите на Израел Го прашаа Господа, ве­лејќи: „Кој од нас прв ќе тргне против Хананците – да војува против нив?“

2 Гос­под одговори: „Јуда ќе тргне; ете, Јас ја предавам земјата во негови раце.“

3 Јуда, пак, му кажа на братот свој Симеон: „Дојди со мене во мојот дел за да војуваме против Хананците; а потоа јас ќе влезам со тебе во твојот дел.“ И Симеон отиде со него.

4 Тогаш Јуда тргна, и ги предаде Гос­под Хананците и Перизијците во рацете нивни, и тие убија од нив во Безек десет илјади души.

5 Во Безек наидоа на Адони-Везек, започнаа битка со него и ги разбија Хананците и Перизијците.

6 Адони-Везек избега, но тие се спуштија, тргнаа по него, го фатија и му ги исекоа палците на рацете негови и на нозете негови.

7 Тогаш Адони-Везек рече: „Седум­де­сет цареви со пресечени палци на рацете и нозете собираа трошки под трпезата моја; како што правев јас, така ми воздаде Бог.“ И го доведоа во Ерусалим, каде што и умре.

8 И војуваа Јудините синови против Ерусалим, го презедоа и го поразија со меч и градот го изгореа со оган.

9 Потоа Јудините синови тргнаа да војуваат против Хананците, кои живееја во планинската земја, во јужната област и во рамнината.

10 И тргна Јуда против Хананците, кои живееја во Хеврон, (порано Хеврон се нарекуваше Кирјат-Арба), и ги разбија Шешај, Ахиман и Талмај.

11 Оттука тргнаа против жителите на Давир; порано Давир се викаше Кир­јат-Сефер.

12 Тогаш Халев рече: „Кој ќе го на­падне Кирјат-Сефер и ќе го преземе, ќе му ја дадам ќерката своја Ахса за же­на.“

13 Го презеде Готониил, синот на Ке­наз, помладиот брат на Халев; и тој му ја даде ќерката своја Ахса за жена.

14 Пред да замине таа, Готониил ја подучи да бара од татко си земја, и таа слезе од магарето. Халев ја праша: „Што бараш?“

15 А таа му рече: „Дај ми благослов; ти ми даде сува земја, дај ми и водни извори.“ И ѝ ги даде Халев горните из­вори и долните извори.

16 Кенијците, пак, кои водат потекло од Мојсеевиот тест, појдоа од градот на палмите со Јудините синови во Јуди­ната пустина, која е на југ од Арад. И дојдоа и се населија меѓу народот.

17 Потоа тргна Јуда со својот брат Симеон и ги совладаа Хананците, кои живееја во Цефат, го проколнаа градот со проклетство и го нарекоа тој град Хорма.

18 Јуда исто така ги презеде Газа со нејзината околина, Ашкелон и неговата околина, и Екрон и неговата околина,

19 Господ беше со Јуда, и тој ја доби во наследство планината; но не можеше да ги истера жителите на долината, бидејќи тие имаа железни двоколки.

20 А на Халев му го предадоа Хеврон, како што беше рекол Мојсеј, и ги ис­тера оттаму трите сина на Анак.

21 Но Венијаминовите синови не ги истераа Јевусијците, кои живееја во Ерусалим; Јевусијците живеат со потомците на Венијамин во Ерусалим и до ден-денес.

22 И синовите Јосифови исто така тргнаа против Ветил, и Господ беше со нив.

23 Јосифовите синови го разгледаа Ве­тил, а порано градот се нарекуваше Луз.

24 И стражарите видоа еден човек, кој доаѓаше од градот и му рекоа: „Покажи ни го влезот во градот, и ќе покажеме милост кон тебе.“

25 Тој им го покажа влезот во градот, и тие го совладаа градот со сечилото на мечот, а тој човек и сите негови роднини ги пуштија.

26 Тој човек отиде во земјата на Хитијците и изгради град и го нарече со името Луз. Тоа му е името и до ден-денес.

27 И Манасија не ги избрка жителите на Бет-Шан и неговите села, ниту жителите на Таанах и неговите села, ниту жителите на Дор и неговите села, ниту жителите на Јивлеам и неговите села, ниту пак на Мегидо и неговите села. Но, Хананците и понатаму ос­танаа да живеат во оваа земја.

28 Кога Израел стана силен, им наметна данок на Хананците, но не ги избрка.

29 И Ефрем не ги истера Хананците кои живееја во Гезер; и Хананците жи­вееја меѓу нив во Гезер.

30 И Завулон не ги избрка жителите на Китрон, ниту жителите на Нахалол, и Хананците живееја меѓу нив и им плаќаа данок.

31 И Асир не ги избрка жителите на Ако, и ни жителите на Сидон и Ахлав, ни од Ахзив, Хелба, Афик ниту, пак, од Рехов.

32 Се насели Асир меѓу Хананците, жителите на таа земја, бидејќи не мо­жеше да ги избрка.

33 И Нефталим не ги избрка жите­лите на Ветсамис како ни жителите на Бет-Анат и живееше меѓу Хананците, жителите на таа земја; а жителите на Ветсамис и на Бет-Анат беа негови поданици.

34 Аморејците ги потиснаа синовите Данови во горите, бидејќи не им даваа да слезат во долината.

35 И Аморејците останаа да живеат во Хар-Херес, во Ајалон и Шаалевим; но раката на Јосифовиот дом ги присили и тие им станаа поданици.

36 Пределите на Аморејците се протегаа од угорнината Акравим, од Карпата сѐ угоре.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Volg ons:



Advertensies