Aanlyn Bybel

- Advertensies -

Левитска 1 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Закон за Жртвите Жртва сепаленица

1 И го повика Господ Мојсеја, и му рече од скинијата на собранието, ве­леј­ќи:

2 „Соопшти им на синовите израел­ски, и кажи им: кога некој од вас сака да Му принесе жртва на Господ од доби­токот: од крупниот и од ситниот доби­ток принесувајте жртва.

3 Ако принесува жртва сепаленица од крупен добиток, нека принесе машко, здраво; нека ја доведе пред влезот од скинијата на собранието нека ја доведе, за да придобие милост пред Господ.

4 И нека ја стави раката своја врз главата на жртвата, и ќе придобие ми­лост за очистување;

5 нека се заколе теле пред Господ, а синовите Аронови, свештениците, нека принесат крв, и со неа нека го попрс­каат жртвеникот, што е пред влезот од скинијата на собранието, од сите стра­ни;

6 потоа жртвата сепаленица нека се одере и нека се исече на делови.

7 А синовите Аронови, свештениците, нека запалат оган на жртвеникот, и нека стават дрва на огнот.

8 Па потоа синовите Аронови, свеш­те­ниците, нека ги наредат деловите, главата и лојот врз дрвата на огнот, што е на жртвеникот.

9 А внатрешнината и нозете нека се измијат со вода; свештеникот нека го изгори сето тоа на жртвеникот; тоа е жртва сепаленица, жртва огнена, со благопријатен мирис пред Господ.

10 А ако принесува жртва сепаленица од ситниот добиток, од овци или од кози, нека принесе машко – здраво, без мана.

11 Да се заколе на северната страна од жртвеникот пред Господ, а синовите Аронови, свештениците, нека го попрс­каат жртвеникот со крвта од сите стра­ни.

12 И нека се расече на делови, а свеш­теникот нека ги стави, со главата и лојот, свештеникот нека ги стави врз дрвата, што се на огнот врз жрт­вени­кот;

13 а внатрешнината и нозете свеште­никот нека ги измие со вода и сето тоа нека го донесе и нека го изгори на жртвеникот; тоа е жртва – сепаленица, жртва огнена со благопријатен ми­рис пред Господ.

14 Ако Му принесува на Господ жртва сепаленица од птиците, тогаш нека принесе грлица или млад гулаб;

15 свештеникот нека ја принесе на жртвеникот, и извивајќи ѝ ја главата, нека ја откине и нека ја изгори на жртвеникот, крвта да ја исцеди во подножјето на жртвеникот;

16 нека ѝ ги извади гушата и перјата и нека ги фрли до жртвеникот од источ­ната страна, каде што е пепелта,

17 па нека ја прекрши меѓу крилјата, но да не ги разделува од неа; и свеш­те­никот потоа нека ја постави на жртве­никот, врз дрвјата што се на огнот; тоа е принос жртва, жртва огнена со благопријатен мирис пред Господ.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Volg ons:



Advertensies