Aanlyn Bybel

- Advertensies -

Исход 1 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Израелците – робови во Египет

1 А овие се имињата на синовите Изра­елови, кои дојдоа во Египет со Ја­ков; секој со своето семејство дојде.

2 Рувим, Симеон, Левиј и Јуда,

3 Исахар, Завулон и Венијамин,

4 Дан и Нефталим, Гад и Асир.

5 И сите, кои произлегоа од Јаков, беа седумдесет души, а Јосиф, пак, беше во Египет.

6 Потоа умре Јосиф и сите браќа негови, и сиот нивни род;

7 а синовите израелски се народија и се намножија, станаа многу, и се заси­лија многу, така што земјата се наполни со нив.

8 Тогаш во Египет се зацари нов цар, кој не знаеше за Јосиф,

9 и му рече на својот народ: „Еве, на­родот на синовите израелски е мно­гу­бро­ен и посилен од нас.

10 Па ајде да ги надмудриме за да не се размножуваат; и, ако настане војна, да не се здружат со непријателите наши и да удрат на нас, па да си отидат од нашата земја.“

11 И поставија над нив надзорници над работите за да ги мачат со тешка работа. И тие му ги изградија на фараонот Питом и Рамзес, градови – складишта.

12 Но, колку повеќе ги мачеа, толку повеќе се множеа и се засилуваа така што Египќаните започнаа да се плашат од синовите на Израел.

13 Затоа Египќаните ги угнетуваа синовите на Израел со жестокост,

14 и им го загорчуваа животот со теш­ки работи со кал и со правење тули, и со разни полски работи, и со секаква друга работа, ги измачуваа немилосрдно.


Фараонот ги прогонува Израелците

15 Освен тоа, царот египетски им за­поведа на еврејските бабици, од кои на едната ѝ беше името Шифра, а на другата Пуа;

16 и им рече: „Кога ќе бабувате кај Еврејките, и при породувањето, ако видите дека е машко, убијте го, а ако биде женско, нека живее!“

17 Но бабиците се плашеа од Бога и не правеа така, како што им заповеда еги­петскиот цар, туку ги оставаа машките деца живи.

18 А египетскиот цар ги повика ба­биците и им рече: „Зошто правите така и ги оставате машките деца во живот?“

19 А бабиците му одговорија на фа­раонот: „Еврејките не се како еги­пет­ските жени: зашто тие се јаки и пред да дојде бабицата, веќе родиле.“

20 Бог беше добар кон бабиците и народот се множеше и многу се засилуваше.

21 И бидејќи бабиците се плашеа од Бога, Бог ги умножи нивните семејства.

22 Тогаш фараонот му заповеда на целиот свој народ, велејќи: „Секое маш­ко кое ќе се роди кај Евреите, фрлајте го в река: само женските деца оставајте ги во живот.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Volg ons:



Advertensies