Aanlyn Bybel

- Advertensies -

Езекил 1 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Прво видение на Езекиел. Божјиот престол

1 Во триесеттата година, четвртиот месец, петтиот ден од месецот, кога бев меѓу изгнаниците кај реката Кевар, се отворија небесата – и јас видов Божји виденија.

2 Во петтиот ден од месецот, а тоа е петтата година, откако беше заробен царот Јоаким,

3 дојде слово Господово до свеште­никот Езекиел, синот Бузиев, во земјата халдејска при реката Кевар; и беше та­му раката Господова врз него.

4 И видов: ете, бурен ветар доаѓаше од север и голем облак во него, а околу оган сјаеше; среде него светлина од зла­то и сребро;

5 во средината негова, пак, видов призраци на четири животни – по обли­кот свој слични на човек;

6 секое од нив имаше по четири лица, и секое од нив – по четири крилја;

7 а нозете нивни – прави нозе, со пер­ја, а стапалата нивни како телешки ко­пи­та, и болскаа како измазнета бронза.

8 А под крилјата нивни имаа човечки раце – на сите четири страни.

9 Четирите животни имаа свои лица и крилја, крилјата нивни се допираа едно до друго, а кога одеа, тие не се свртуваа, туку врвеа секое во насока на лицето свое.

10 Обликот на лицето нивно им беше како лице човечко и лице лавовско од десната страна кај сите четири; а, пак, од левата страна – лице телешко кај сите четири, и лице орловско кај сите четири животни.

11 И лицата нивни и крилјата нивни одозгора им беа разделени, но при секое двете крилја се допираа едно до друго, а двете им ги покриваа телата нивни.

12 И одеа тие, секое во насока на лицето свое; на каде што духот сакаше да оди, натаму и одеа тие; и кога одеа, не се свртуваа.

13 Тие животни личеа на разгорени јаглени, на ламбади; огнот се движеше меѓу животните, и огнена светлина и светкавица излегуваше од огнот.

14 Животните се движеа брзо натаму и наваму, како болскава молскавица.

15 И кога ги гледав животните, ете, на земјата до тие животни имаше по едно тркало кон четирите лица нивни.

16 Тркалата им беа слични на топаз, и сите четири си личеа едно на друго; и по изгледот и по обликот тие беа како тркало во тркало.

17 А кога одеа, се движеа во своите четири насоки; кога се движеа не се свртуваа.

18 А наплатите на тркалата нивни беа високи и страшни; наплатите кај сите четири наоколу беа полни со очи.

19 И кога одеа животните, се движеа и тркалата до нив; и кога животните се подигаа од земјата, се подигаа и тркалата.

20 Каде што духот сакаше да оди, натаму одеа и тие; накаде што духот ќе тргнеше, и тркалата се подигнуваа подеднакво со нив, бидејќи духот на животните беше во тркалата.

21 Кога одеа животните, одеа и трка­лата; и кога стоеја животните, стоеја и тркалата; и кога тие се подигаа од земјата, се подигаа еднакво и тркалата, за­што духот на животните беше во трка­лата.

22 Над главите од животните имаше нешто слично на свод небески, како проѕирен кристал издигнат одозгора над нивните крилја.

23 А под сводот се наоѓаа раширени крилјата нивни, свртени едно спроти друго, додека другите две им ги покриваа телата нивни.

24 А кога летаа, слушав шум од крилјата нивни, нешто како шум од многу води, како глас од Сесилниот Бог, силен шум; а кога одеа – како шум од воен логор, кога, пак, застануваа, ги спуштаа крилјата свои.

25 И од сводот над главите нивни се слушаше шум; и кога запираа, ги спуш­таа крилјата свои.

26 Над сводот над главите, пак, имаше нешто слично на престол, како да беше од каменот сафир; а на престолот – одозгора нешто слично на човек.

27 И видов потоа нешто усвитено како бронза, а внатре во него наоколу оган – од бедрата угоре; а од бедрата удолу – видов слично на оган, а околу него имаше светлина.

28 Како што изгледа виножитото во облаци, во дождовен ден, таква беше таа светлина наоколу.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Volg ons:



Advertensies