Aanlyn Bybel

- Advertensies -

Амос 1 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)


Суд за Сирија

1 Зборовите на Амос, еден од пастирите на Текоа, што ги чу во видение за Израел во деновите на јудејскиот цар Озија, и во деновите на израелскиот цар Јеровоам, синот Јоасов, две години пред земјотресот.

2 И рече тој: Господ ќе загрми од Сион и ќе го пушти гласот Свој од Еру­салим, и ќе свенат пасиштата пастир­ски, и ќе се исуши врвот на Кармил.

3 Така вели Господ: за трите престапи на Дамаск и за четирите нема да го по­штедам, зашто го вршеа Галаад со же­лезни орудија.

4 Ќе пуштам оган на домот Азаилов, и тој ќе ги проголта дворците на Вена­дад.

5 Па ќе ги скршам резињата на Да­маск и ќе ги истребам жителите на Бикат–Авен, и оној, што држи жезол, од Бет–Едем; народот на Арам ќе отиде во ропство во Кир, вели Господ.


Суд за Филистеја

6 Така вели Господ: за три престапи на Газа и за четири нема да ја поште­дам, зашто тие ги одведоа сите во ропство, за да му ги предадат на Едом.

7 И ќе испратам оган врз ѕидините на Газа и тој ќе ги проголта дворците неј­зини.

8 Па ќе ги истребам жителите на Аш­дот, и оној, што го држи жезолот во Ашкелон, и ќе ја свртам раката Своја против Екрон, и ќе загине остатокот на Филистејците, вели Господ.


Суд за Тир (Феничаните)

9 Вака вели Господ: за трите престапи на Тир и за четири нема да го поште­дам, зашто тие му ги предадоа на Едом сите заробеници, и не се сетија за брат­скиот сојуз.

10 Ќе пратам оган врз ѕидините на Тир, и тој ќе ги проголта дворците не­гови.


Суд за Едомците

11 Така вели Господ: за трите преста­пи на Едом и за четири нема да го поштедам, зашто тој ги гонеше браќата свои со меч, погази секакво сочувство, беше свиреп во гневот свој и секогаш ја потпалуваше јароста своја.

12 Ќе испратам оган врз Теман, и тој ќе ги проголта дворците на Восор.


Суд за Амонците

13 Така вели Господ: за трите прес­тапи на синовите Амонови и за четири нема да ги поштедам, бидејќи тие ги распоруваа бремените жени во Галаад, за да ги прошират границите свои.

14 И ќе запалам оган во ѕидовите на Рава, и тој ќе ги проголта дворците неј­зини со врисок во денот на бојот и со виор во денот на бурата.

15 И ќе отиде царот нивни во ропство, тој и кнезовите негови заедно, вели Господ.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006 

Macedonian Bible Society
Volg ons:



Advertensies