Псалми 1 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990Блаженство за побожните. Зло за безбожниците. 1 Блажен е оној човек, што не оди на советот безбожнички, не застанува на пат на грешници и не седи во друштво на развратници, 2 па му омилел законот на Господа и во законот Негов дење и ноќе се поучува; 3 тој е како дрво посадено крај воден извор, кое својот род го дава навреме, и чиј лист не вене; и во сѐ што прави, напредува. 4 Но не се такви безбожниците; тие се како прав, што го растура ветар по земјата. 5 Затоа безбожниците нема да се одржат на судот, ниту грешниците – во соборот на праведниците. 6 Зашто Господ го знае патот на преведниците; патот, пак, безбожнички води во погибел. |
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
Macedonian Bible Society