Матеј 1 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990Потеклото на Христа, зачнувањето, името и раѓањето. 1 Книга за родословот на Исуса Христа, син Давидов, син Авраамов. 2 Авраам го роди Исака, Исак го роди Јакова, а Јаков го роди Јуда и браќата негови; 3 Јуда го роди Фареса и Зара од Тамар; Фарес го роди Есрома, а Есром го роди Арама; 4 Арам го роди Аминадава; Аминадав го роди Наасона, а Наасон го роди Салмона; 5 Салмон го роди Вооза со Раав; Вооз го роди Овида со Рут, а Овид го роди Јесеја; 6 Јесеј го роди цар Давида, а цар Давид со поранешната Уриева жена го роди Соломона; 7 Соломон го роди Ровоама; Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса; 8 Аса го роди Јосафата; Јосафат го роди Јорама, а Јорам го роди Озија; 9 Озија го роди Јоатама; Јоатам го роди Ахаза, а Ахаз го роди Езекија; 10 Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амона, а Амон го роди Јосија; 11 Јосија го роди Јоакима; Јоаким го роди Јехонија и браќата негови за време преселувањето во Вавилон. 12 А по Вавилонското преселување Јехонија го роди Салатиила, а Салатиил го роди Зоровавела; 13 Зоровавел го роди Авиуда; Авиуд го роди Елијакима, а Елијаким го роди Азора; 14 Азор го роди Садока; Садок го роди Ахима, а Ахим го роди Елиуда; 15 Елиуд го роди Елеазара; Елеазар го роди Матана, а Матан го роди Јакова; 16 Јаков го роди Јосифа, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос. 17 И така, сите родови од Авраама до Давида се четиринаесет; и од Давида до Вавилонското преселување се четиринаесет родови; а и од преселувањето Вавилонско до Христа – родови четиринаесет. 18 А раѓањето на Исуса Христа стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосифа, уште пред да се состанат, се виде дека е тешка од Светиот Дух. 19 А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти. 20 Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави насон и рече: »Јосифе, син Давидов, не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух; 21 Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.« 22 А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели: 23 И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог! 24 Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше заповедал ангелот Господов и ја прими жената своја. 25 И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус. |
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
Macedonian Bible Society